Архитектура и градба - категорија

над повеќе

Вид збор: Префикс
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор.
Англиски: over
Примери:
надградба, надвозник

надбискупија повеќе

мн. надбискупии
Вид збор: Именка, женски род
Седиште, дом на надбискуп.
Англиски: diocese Албански: kryepeshkopi

надвозник повеќе

мн. надвозници
Вид збор: Именка, машки род
Мост, премин над улица, над пат или над железничка линија.
Англиски: overpass

надвратник повеќе

мн. надвратници
Вид збор: Именка, машки род
Греда, дрвена или бетонска, што се става над вратата.

надградба повеќе

мн. надградби
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е надградено на веќе изграден објект.
Албански: mbindërtim
Примери:
Дозвола за надградба.

надгради повеќе

надградат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгради над веќе изграден објект.
Англиски: extend Албански: rindërtoj

надѕида повеќе

Види и: ѕида (несв.)
надѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изѕида над нешто што е веќе изѕидано.
Англиски: superstruct

надогради повеќе

Види и: догради (св.)
надоградува
Вид збор: Глагол, свршен
Догради над или кон нешто веќе изградено.
Англиски: add Албански: rindërtoj, ndërtoj shtes

надоѕида повеќе

Види и: доѕида (св.)
надоѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Доѕида над или кон нешто веќе изѕидано.

нартекс повеќе

мн. нартекси
Вид збор: Именка, машки род
предворие на храм
Англиски: narthex

населба повеќе

мн. населби
Вид збор: Именка, женски род
Населено место (село, град).
Англиски: settlement Албански: lagje
Дел (обично новоизграден) од град.
Англиски: municipality Албански: lagje
Примери:
Скопје има повеќе населби.

насипе повеќе

насипат
Вид збор: Глагол, свршен
Натрупа земја, песок, направи насип.
Англиски: pour Албански: mbush

настрешница повеќе

Види и: натстрешница (ж.)
мн. настрешници
Вид збор: Именка, женски род
натстрешница
Англиски: ledge

натстрешник повеќе

мн. натстрешници
Вид збор: Именка, машки род
Продолжена стреа над врата, прозорец и др.
Англиски: ledge Албански: strehë e shtuar
настрешница
Англиски: canopy Албански: tendë

натстрешница повеќе

мн. натстрешници
Вид збор: Именка, женски род
натстрешник
Англиски: ledge Албански: tend
покриен, отворен простор
Англиски: canopy Албански: tend
Примери:
летна натстрешница

неваросан повеќе

неваросаниот
Вид збор: Придавка
Што не е варосан.
Англиски: not whitewashed
Примери:
неваросан ѕид

недоѕидан повеќе

недоѕиданиот
Вид збор: Придавка
Што е започнат со ѕидање, а не е доѕидан, изѕидан до крај.
Примери:
недоѕидана куќа

недоизграден повеќе

недоизградениот
Вид збор: Придавка
Што не е потполно изграден.
Англиски: incomplete

неимар повеќе

мн. неимари
Вид збор: Именка, машки род
градежник, изградувач
Англиски: builder Турски: mimar Српски: неимар

неонка повеќе

мн. неонки
Вид збор: Именка, женски род
Неонска светилка.
Англиски: neon light
Примери:
Неонката прегорела.

нивелира повеќе

нивелираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Израмни, израмнува, изедначи, изедначува по висина.
Англиски: level Албански: nivelizoj
Примери:
Ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода.

нискоградба повеќе

мн. нискоградби
Вид збор: Именка, женски род
Градежни работи на ниски објекти, градба на патишта, мостови, тунели итн.
Англиски: civil engineering

нискокатен повеќе

нискокатниот
Вид збор: Придавка
Што е низок, со малку катови.
Примери:
нискокатен објект

ниша повеќе

мн. ниши
Вид збор: Именка, женски род
Помала или поголема вдлабнатина во ѕид за ставање разни предмети, скулптури, вази или дел од мебел, кревет, мијалник и сл.
Англиски: niche, alcove

носач повеќе

мн. носачи
Вид збор: Именка, машки род
Градежен елемент кој го носи товарот.
Англиски: girder Албански: bartës
Примери:
Бетонски носач.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш